Контакти

РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com

Индустриски гранки

Веруваме, дека вам ви е најважно едно деловно подрачје - вашето основно деловно подрачје. Доколку имате мало претпријатие насочено на локалниот пазар, или пак претставувате голема меѓународна корпорација, можеме да ви понудиме целосен избор на деловни решенија, кои се одраз на вашите деловни потреби и обезбедуваат поддршка на вашите работни процеси.

Не веруваме во општи решенија, бидејќи вашето претпријатие е секогаш специфично и различно од останатите. Во рамките на најдобрата деловна пракса, со богати искуства и стручњаци, како и со востановена методологија на имплементација, ви ги нудиме најдобрите решенија за вашето деловно опкружување.

Изберете свое ...

Трговија и логистика; комплетен избор на деловни решенија за претпријатија кои се занимаваат со трговска дејност - во било кој облик и бранша, во било кој работен модел. Деловни решенија, кои се одговор на предизвиците на самостојните трговци и на најголемите трговски ланци.
  • Големопродажба 
  • Малопродажба 
  • Cash & carry системи
  • Патничка и амбулантна продажба
  • Угостителство
     
Возила, сервис и услуги; комплетен избор на деловни решенија за компании, кои се занимаваат со продажба на возила, сервис, инженеринг, било во рамките на независно претпријатие или во рамките на некоја поголема трговска мрежа.
  • Продажба на нови и половни возила
  • Водење на сервисно работење
  • Инженерски услуги
     
Новинско-издавачка дејност; избор деловни решенија за новинско-издавачки куќи и дистрибуциски претпријатија кои се занимаваат со разнесување на новински изданија.
  • Решенија за водење на дистрибуција и колпортерство
  • Решенија за водење и управување во рамките на службите за нарачки и претплата 
  • Решенија за дистрибуција и разнесување на новински изданија 
  • Управување со мали огласи
     
Деловно информирање; деловни решенија, кои претставуваат надградба на трансакциско-информацискиот систем за потребите на деловното информирање. Решенија, кои се неопходни за спремање на брзи, профитабилни и стратешки одлуки за вашето работење и идни насоки.
  • Податочни складиште / Data warehouse 
  • Деловно информирање / reporting
  • Решенија за планирање надзор и анализа на работењето