Контакти

РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com

Напредни, конкурентни, проверени и прилагодливи

Во денешното деловно опкружување деловните правила се нешто повеќе отколку упатства, кои го насочуваат претпријатието. Доколку правилно ги искористите тие можат да бидат инструменти за конкурентна предност, кои му овозможуваат на претпријатието да биде поиновативно, попродуктивно, побрзо да реагира на промените на пазарот и поуспешна соработка со вработените, партнерите и клиентите. Нивното значење не смее да се занемари. Но и покрај тоа очигледно е дека постојат и големи прептријатија, кои сеуште користат застарени, ригидни и други несоодветни апликации.

cRCL сегментот на деловни информатички решенија претставува сегмент на напредни, конкурентни, испробани и прилагодливи решенија, соодветни за разни деловни модели. Убедени сме дека можете во нашиот асортиман на решенија да препознаете едно, кое е создадено по ваша мерка. Доколку тоа не ви успее, ние ќе ги прилагодиме во согласност со вашите желби и потреби.

cRCL деловни решенија

cRCL деловните решенија се развиени низ години успешен развој и партнерство со некои од најголемите претпријатија во Словенија и поширокиот регион. cRCL деловните решенија се резултат на нашето знаење, но содржат и искуства од светски формат.

cBBIS - Комплетно програмско решение за водење на трговското и логистичко работење.

cDMS - Програмски решенија за (големо)продажба и сервис на возила. Решенија кои можат да ги користат независните трговци, трговските мрежи или дистрибутери на возила.

cPRESS - Програмски решенија за водење на дистрибуцијата на весници и списанија и управување со службата за претплатници.

cFRIS - Комплетни програмски решенија за финансиско-сметководствено работење.

cING - Програмски решенија за поддршка на инжинерски услуги.

cBI - Збир на програмски решенија за деловно информирање (BI).

E-cRCL - E-решенија за поддршка на B2B, B2C, B2S, e-размена на податоци и сл.  

 

Microsoft Business Solutions

Деловните решенија на Microsoft (Microsoft Dynamics NAV) претставуваат линија на интегрирани и прилагодливи производи, со чија помош можат да се оптимизираат и автоматизираат финансиските работни процеси, односите со клиентите и логистичкиот ланец на набавки - се со цел постигнување на саканиот деловен успех.

Microsoft-овите деловни решенија сочинуваат самостојни производи и додатоци (Add-On), кои се базираат на MS Dynamics NAV платформата.

MS Dynamics NAV - е комплетно интегрирано деловно решение, кое на претпријатијата им овозможува управување со сметководтство, финансии, изготвување деловни анализи, управување со производството, ланецот на набавки ...

LS Retail - е надградба на деловното решение MS Dynamics NAV за водење на малопродажното работење. LS Retial е идеално решение како во продавниците, така и во управата на претпријатието.
LS Hospitality - е надградба на деловните решенија MS Dynamics NAV за водење на угостителското работење. Решение, кое е идеално како во рестораните за брза храна така и кај класичните ресторани или други видови нугостителски локали. LS Easy Retail - е посебно обликувано програмско решение за помали продавници или ресторани кои имаат едно или две каси.