cING - инженерски услуги

Деловното решение cING е наменето за работно опкружување во кое се изведуваат различни услужни дејности:

  • инженеринг услуги за топлотни, водоводни и електро инсталации;
  • инженеринг услуги за завршни работи во градежништвото;
  • сервис на компјутерска и друга опрема;
  • едноставно (едно-нивовско) производство;
  • и бројни други, кои се занимаваат со продажба на услуги или производи и услуги.

cING овозможува богат избор на функционалности, кои овозможуваат широка поддршка на работните процеси - од нарачката и приемот на материјалите, дефинирање и вреднување на услугите, изготвување на понуди и профактури до изработка на работни налози (во еднократен износ или месечна состојба) и целосен надзор над работењето на вашето претпријатие и вработени.

Надзор над работењето во секој момент

cING вклучува богат избор на статистички извештаи и анализи, кои ви овозможуваат моментален увид во клучните сегменти на работењето. Преку 100 различни извештаи, кои можете да ги извезете во Microsoft Excel (за понатамошна анализа) или во PDF (за сигурна дистрибуција) е гаранција, дека ќе имате комплетен надзор на вашето работење.

cING гарантира флексибилност, која овозможува водење и управување со едноставното производство

За таа намена cING ви овозможува:

  • Евиденција на нормативите составот на производите (едно-нивовска);
  • Водење на работните налози во производството;
  • Поддршка за издавањето на материјали во производството и прием на можните вишоци;
  • Прием на производите на залиха;
  • Изработка на пресметки

 

Сакате да дознаете повеќе?

За дополнителни информации контактирајте не.