cRCL Интернет продавница

Нови деловни модели за нови деловни можности

Интернет продавницата не е само испорака на стоки, информации и/или плаќање преку глобалната мрежа или преку друг електронски медиум. Ниту пак е само алатка која на претпријатието му овозможува намалување на трошоците како и изведување на услугите со зголемен обим и квалитет. Интернет продавницата е сето тоа но и многу повеќе.

Едноставно речено интернет продавницата (on-line shop) е посебен продажен канал, кој има свои законитости, но во клучните принципи ја следи истата цел - продажбата.

Сепак воведувањето на интернет решенијата за трговско работење на претпријатијата им носи низа предности над вообичаените канали:

Географски Претпријатието станува глобално достапно, секогаш присутно и попрепознатливо
Обласни Претпијатието добива нови деловни можности во огласувањето и информирањето, намалени трошоци и подобрувања во подрачјето на стоковото работење.
Деловни Претпријатието добива по желба продавница, која е отворена 24 часа, 7 дена во неделата во текот на целата година (24/7/365), едноставна контрола над новите предизвици, пласирањето на нови производи на пазарот поминува брзо, едноставно и со задоволителни цени, комуникацијата со клиентите и партнерите се поедноставува и поевтинува, а ефикасноста на продавницата се зголемува.
Кај купувачите Бележењето на податоците за навиките на купувачите и поврзување со постоечкиот систем за лојалност овозможува напредно анализирање на податоците, прилагодување на своите активности и понуда на резултатите од анализата.

cRCL интернет продавницата вообичаено функционално се надополнува, како еден од елементите на е-работењето, кое ги има следните клучни карактеристики:

Готови решенија за  B2B и B2C деловните модели.
cRCL
Интернет
продавница
Приготвен стандарден интерфејс за cRCL cBBIS решението.
Вклучен  on-line каталог со потполни информации за производот, кој може да содржи и слика и приложени датотеки.
Напредните функционалности  за информирање овозможуваат ефикасен контакт со купувачот.
Различни начини на плаќање и поврзување до on-line плаќањатаl.
Оптимизација на испораката на производите на еднаили повеќе локации.

cRCL Интернет продавницата е во целост поврзана со cRCL cBBIS програмскиот пакет и заедно функционираат како единствено решение на ваше потполно задоволство.

E - размена на податоци

Електронската размена на податоци (EDI - electronic data interchange) помеѓу деловните субјекти во рамките на ланцеот на додадени вредности може на фирмите да им заштеди голема количина на пари. Заштедите ги остваруваме со елиминирација на човековата работа во процесот на размена на податоци, намалување на оптеретувањето во работните процеси како и елиминација на потребите за користење на разни медиуми за пренос на податоците.

Автоматски пренос на податоците за производите од добавувачот до нарачателот, електронска размена на испратници и фактури, електронски потпис на издадените документи, размена на основните податоци за автомобилите од принципалите и многу повеќе од тоа секојдневно се реализира со помош на cRCL решенијата.

E-размената на податоците помеѓу сите наши cRCL апликации или до апликациите на останати производители успешно ги совладуваме користејќи различни општоприфатени стандарди (пр. EDIFACT) или интерните стандардни формати и протоколи за пренос (пр. x.400, AS2, SMTP).

cRCL EDI обезбедува доверлив, флексибилен и добро контролиран работен процес, како и задоволувањ на сите потреби за електронска размена на податоци. Електронската размена на податоци има мноштво предности над другите начини на размена на податоци:

  • податоците во системот се внесуваат само еднаш, што значително ја намалува потребата за вложен труд;
  • суштински помала можност за грешки, кои се чести кај повеќекратното внесување на исти податоци;
  • побрза и поелегантна работа и како резултат на тоа зголемено задоволство на вработените.

Сакате да дознаете повеќе?

Превземете ја брошурата, во која детално се опишани програмските решенија
cRCL Интернет продавница.
За дополнителни информации контактирајте не.

Превземете