cPRESS - дистрибуција, тиражирање и управување со службата за претплатници

cPRESS - комплетни решенија за новинско - издавачки и дистрибутерски претпријатија, кои вклуваат решенија за водење и управување со дистрибуциското работење, тиражирање на изданијата, управување со службата за претплатници, платата на колпортерите и страниците за огласи.

cPRESS – Дистрибуција

Ги здружува функционалностите на тиражирањето и дистрибуцијата. Во рамките на тиражирањето, интуитивниот кориснички програмски модул ви овозможува брзо и сигурно одлучување за оптималните количини кои требаат да се дистрибуираат на поединечните продажни места. Широкиот избор на алгоритми и смислени параметри овозможуваат низок процент на враќање на ремитендата. Модулот дистрибуција на ниво на едно издание ги здружува претплатничкиот тираж со тиражот за поединечни продажни места (Point-Of-Sale). Во рамките на модулот за дистрибуција се изработуваат сите документи потребни за дистрибуцијата, наменети за изработка на пакети со изданија, како и транспортни документи, кои обезбедуваат правилна достава до поедини приматели.

Основни функционалности:

  • водење на бази на податоци за продажните места, нивните плаќачи и подружници;
  • можност за воведување на релацијата „плаќач - повеќе продажни места“;
  • дефинирање на тираж врз основа на претходните продажби, дефинирање на календар за секое издаение;
  • прилагодување (зголемување - намалување) на тиражот во проценти во зависност од рутата, типот на продажното место и/или поради посебни причини;
  • водење на ремитенда за посакуваниот период, (можно дефинирање на денови, кога ремитендата не се собира);
  • водење на залиха по продажно место (за месечни изданија);
  • дефинирање на патот за дистрибуција за одделни продажни места по изданија или денови;
  • одредување на разнесувањето на претплатените изданија (увоз на податоци од cPRESS во Претплата);
  • предлог тиражи: стандардни или од страна на продавниците со потврдување во Централната локација;
  • можност за дефинирање на сопствени критериуми за пребарување на податоците.
     

cPRESS – Претплата

Програмски решенија, наменети за продажно-претплатните служби. Функционалноста на cPRESS обезбедува постапки за различни начини за дистрибуција на изданијата, фактурирање на сите услуги кои ги нуди новинскиот маркетинг, како и статистички обработки на податоците за потребите на планирањето и стратегијата за продажба.

Основни функционалности:

  • водење на база на податоци за претплатниците и нивните претплати на одредени изданија;
  • можност за воведување на релацијата "претплатник плаќач - еден плаќач повеќе претплатници";
  • водење на претплатата во странски валути;
  • можност на задавање на алтернативни адреси - испраќање на фактурите на една а изданијата друга односно повеќе други локации/приматели;
  • можност за привремена преселба, трајна преселба и привремено блокирање на одреден претплатник;
  • броење на секојдневниот тираж за потребите за нарачување на потребниот број парчиња од одредено издание;
  • припрема на адресниот материјал за потребите на адресирање на одредени списанија за поштенска достава;
  • припрема на известувања за разнесувачите за евентуални промени кај претплатниците во одреден реон;
  • автоматско задолжување на одреден претплатник за фиксен период врз основ на внесениот календар, датумите на излегување и дефинираниот ценовник за одредени изданија;
  • разни статистички исписи за помош при одредувањето на стратегијата за придобивање на нови претплатници и пристапот до нив;
  • разни статистички извештаи за помош при пресметката на аквизитерски провизии и како основа за пресметката на трошоците за достава;
  • внесување на рекламација на основ на повик или допис од претплатник;
  • дефинирање на потребните акции за поединечна рекламација;
  • продажба и испорака на независни продажни производи (книги, CD-а …) со фактурирање во рамките на редовните претплатнички фактури.

Сакате да дознаете повеќе?

Превземете ја брошурата, во која детално се опишани програмските решенија cRCL cDMS.
За дополнителни информации контактирајте не.
 

Превземете