cBBIS - трговско работење

Убавото искуство и задоволството на вашите купувачи го ставаме на прво место

cBBIS – е направен за контрола на комплетното комплексно трговско работење, имплементиран во некои од најголемите трговски ланци во Словенија, со богат избор на функционалности и едноставен кориснички интерфејс – гарантира дека во вашата продавница ќе се посветите на вашите купувачи наместо на програмската опрема.

Колку ви е важна контролата над залихите? Барате ли брза информација за остварената продажба? Потребен ви е моментален пристап до информациите, со чија помош подобро ќе ги сфатите навиките на вашите купувачи и ќе ги донесете вистинските одлуки?  Доколку одговорот на барем едно од горенаведените прашања е потврден, тогаш cBBIS е вистинското деловно решение за вашето претпријатие, вашите вработени и најголема добивка за вашите купувачи.

cBBIS е вистинското решение бидејќи...

  • претставува комплетен и централизиран трговски систем, кој е имплементиран во голем број држави од регионот (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора);
  • поддржува голем број на трговско деловни модели (малопродажба, големопродажба, cash&carry, патничка и амбулантна продажба);
  • обезбедува поддршка за сите гранки на трговско работење (прехрана, текстил, обувки, покуќнина, мебел, граджни материјали, медицински помагала);
  • вклучува богат избор на стандардни модули и уште поширок избор на дополнителни програмски модули и функционалности, што ви овозможува следење и учествување во светските трендови на трговското работење;
  • успешно е имплемемнтиран во најголемите трговски ланци во Словенија;
  • обезбедува високо ниво на сигурност и интеграциски можности;
  • отвара нови деловни можности;

cBBIS во секојдневното работење го користат 5 од 10 најголеми (по приходи од продажбата) малопродажни трговски ланци во Словенија

Назависно од вашата трговската гранка, богатиот избор на функционалности на решението cBBIS заедно со советите на нашите искусни експерти, обезбедуваат решенија за сите предизвици, со кои секојдневно се среќавате, како и поддршка на секојдневните работни процеси. Свесни сме дека вашето работење е уникатно, од што произлегува вашата конкурентска предност. Земајќи го во предвид истото, во синергија со најдобрата деловна пракса, го создадовме комплетното решение – cBBIS.

Сакате да дознаете повеќе?

Превземете ја брошурата, во која детално се опишани програмските решенија
cRCL cBBIS.
За дополнителни информации контактирајте не.

Превземете