Услугите се клучен елемент на секое добро деловно решение

Свесни за тоа, многу вложуваме во континуирана едукација на сопствените човекови ресурси со што обезбедуваме највисоко ниво на компетентност и стручно знаење при процесот на имплементација на деловно - информатичките решенија во вашето претпријатие. Услугите кои ги нудиме меѓу другото вклучуваат и:

Познавањето на суштинските предизвици на работењето, разбирањето на вашите барања и стратешки цели се од клучно значење. Само на тој начин е можно изведувањето на добра анализа на вашите работни процеси и врз основ на тоа да се предложат измените и подобрувањата. Во сите деловни подрачја, на кои сме присутни со деловни решенија ви обезбедуваме компетентни соговорници и искусни стручњаци, кои ќе ви обезбедат целосна поддршка, а сите предизвици ќе ги поделат со вас. >>

Имплементацијата на деловните решенија е недвосмислено голем предизвик за секој нарачател. Можните промени во работните процеси, принципи на работење и воведувањето на нови правила на работењето бара високо ниво на учество на нашите експерти и вашите корисници. Посебно доколку имате потешкотии при исполнувањето на целите кои ви се поставени од највисокото раководство. >>

Секоја успешна имплементација се продолжува со фазата на одржување и поддршка за крајните корисници. Оперативната помош на корисниците е само едно од камчињата во крајниот мозаик  на активноста за одржување. Во РЦЛ сме свесни, дека вашето работење констинуирано се менува како одговор на промените на пазарот, затоа во рамките на активностите за одржување ви нудиме многу повеќе од основна поддршка. >>

Покрај целокупните услуги на полето советување при имплементацијата на деловните решенија, РЦЛ нуди и богат избор на услуги од полето на ИТ инфраструктура и развој на деловни апликации. Помеѓу другото тоа вклучува имплементација на компјутерска, комуникациска и системска програмска опрема, одржување на базите на податоци и изградба на податочни складишта, развој на деловни и системски апликации и многу повеќе. >>