Советување и анализа на работните процеси

Анализа … прв чекор кон обновата на деловно-информацискиот ситем

Анализата на работењето и работните процеси претставува првиот и основен чекор во процесот на обновување и имплементација на деловно-информацискиот систем. Веруваме дека „нацртот“ (анализата) е клучот до добрата „изведба“ (имплементација) па затоа во рамките на алаизата го следиме следното:

  • Задачи и активности, кои ги изведуваме:
    • Собирање, документирање и анализа на постоечките работни процеси;
    • Определување на функционалните потреби на нарачателот;
    • Определување на стратешките и оперативните цели на нарачателот
    • Изработка на „GAP-FIT анализа“ со осврт на ускладеноста на потребите на нарачателот и деловното решение
    • Изработка на документ Концептуален нацрт

Концептуалниот нацрт му служи на нарачателот како основа, која овозможува дефинирање на потребните активности во рамките на имплементацијата на деловните решенија - било да се работи во рамките на cRCL деловните решенија или во рамките на MS Business Solution (MS Dynamics NAV) деловните решенија.

  • Цели и резултати, кои ги остваруваме
    • Целосен документ врз основ на кој може детално да се определи содржината, обемот, временската рамка и инвестициската компонента на проектот за имплментација на деловно-информатичките решенија.
    • Советување во случај на потреба од обновување и оптимизација на работните процеси.
    • Советување за избор на најадекватно деловно решение во рамките на деловните решенија кои ги нуди RCL

Анализата на работните процеси можеме да ја изведеме како самостоен проект или во рамките на комплетниот процес на имплементација на деловните решенија (во случај да се одлучите во вашето претпријатие да ги имплементирате деловните решенија cRCL или MS Dynamics NAV).
 

Сакате повеќе информации? Стапете во контакт со нас.