Стручна поддршка... на располагање во секој момент

Ви обезбедуваме поддршка - по ваша мерка, стандардна и нарачана - за да можете да им се посветите на вашата работа и вашите клиенти. Одржувањето на деловните информациски системи и поддршката се клуч до задоволството на вашите корисници. Свесни сме, дека и вашите побарувања и очекувања се разновидни и затоа покрај стандардните пакети за одржување ви нудиме и можност за прилагодување на истите во склад со вашите потреби. Содржината и одржувањето можат да се прилагодат со дефинирање на:

  • одзивното време на нашиот тим за одржување на вашите интервенциски побарувања,
  • термински план и приправност на тимот за одржување (редовно работно време, дежурна служба, 24/7),
  • содржина на одржувањето и активностите на поддршката, кои се вклучени во меѓусебниот договор (советување и консултантски услуги, развој…)
  • сегменти, кои се вклучени во рамките на одржувањето (програмски решенија, ИТ инфраструктура, комуникациска инфраструктура и компјутерска опрема)

... во сите подрачја

Нудиме одржување и поддршка како на подрачјето на деловните решенија (cRCL, Microsoft Business Solutions) така и на подрачјето на ИТ инфраструктурата:

  • одржување на централните  серверски ситеми (системска поддршка, надзор на работењето, модернизација на системот)
  • одржување, администрација и оптимизација на бази на податоци (MS SQL, Oracle)
  • одржување на компјутерска опрема (PC работни станици, POS системи, периферни единици, принтери)
  • одржување на комуникациски/терминалски серверски системи (Citrix фарми)
  • одржување и наем на рачни терминали 

За дополнителни информации контактирајте не.
 

RCL клиенти

За поддршка можете да не контактирате на: