Системски решенија, развој

Системски решенија и услуги

Во рамките на информациските решенија и услуги RCL ви нуди богат избор на системски услуги, кои претставуваат основна платформа за имплементација на деловно информациските решенија или надградба на истите заради обезбедување на највисокото ниво на безбедност, поврзување и интеграција. Сертифицираните експерти на подрачјето на базите на податоци (Oracle, MS SQL), комуникациска опрема (Citrix, Cisco), оперативни системи (Microsoft, Linux), Point-Of-Sale опрема (IBM, Posiflex) се гаранција за квалитетното обавување на услугите меѓу кои сакаме посебно да ги истакнеме:

  • Имплементација и конфигурација на бази на податоци (MS SQL, Oracle)
  • Поставување на податочни складишта (MS SQL, Oracle)
  • Поставување и конфигурирање на серверски системи (Microsoft, Linux)
  • Поставување и конфигурирање на терминалски сервери (Citrix)
  • Поставување и конфигурирање на комуникациска инфраструктура (Cisco)
  • Поставување на LAN и WAN мрежи и VPN поврзување
  • Поставување и конфигурирање на основна компјутерска опрема (PC работни станици, принтери, периферна опрема)
  • Поставување и конфигурација на e-mail сервери (Microsoft Exchange)
  • Изработка на веб портали и интеграција со cRCL и/или MS Dynamics NAV решенија (Microsoft SharePoint Portal Server)

Развој на деловни апликации…по мерка на нарачателот

Во Microsoft опкружување, со помош на најновите технологии развиваме деловни и системски решенија по желба и спецификација на нарачателот. Доколку стандардните решенија, кои ги нуди глобалниот пазар не ви одговараат, одделот за развој во RCL може да ви понуди изработка на каква било апликација по ваша мерка. Во минатото развивавме бројни специјализирани решенија меѓу кои:

  • Специфични решенија за RKS (Црвен Крст на Словенија)
  • Интернет берза за продажба на возила 
  • PSS - Personal shopping system

За дополнителни информации контактирајте не.