сервис и продажба на возила

cDMS - сервис и продажба на возила

Ги поедноставуваме секојдневните активности, за да можете да им се посветите на вашите клиенти

cRCL – cDMS (Dealers Management System) е комплетно деловно решение за водење на сервисното работење, продажба на возила и резервни делови. Богатиот избор на функионалности овозможуваат поддршка на вашите деловни процеси - во рамките на најдобрите деловни пракси, истовремено и потполн преглед над работењето на вашето претпријатие, ефикасност на сервисниот оддел (програмскиот модул обележување овозможува анализа на потрошените часови потрошени на одредена сервиска активност и ја споредува со нормата) и задоволството на вашите клиенти (програмскиот модул планирање на сервисот овозможува прегледно и едноставно планирање на вашата сервисна работилница и потребните ресурси).

cDMS овозможува интеграција со производителот (принципалот) со што се обезбедува оптимизација и поедноставување на работните процеси, така што можете енергијата да ја насочите на следењето на пазарот и на задоволството на вашите клиенти.

cDMS - комплетни програмски решенија

вклучува избор на програмски модули:

  • SMP (сервис со малопродажба); програмски решенија за водење на сервисното работење и малопродажба на резервни делови;
  • PNV (продажба на нови возила); програмски решенија за водење на големопродажбата / малопродажбата на нови возила;
  • PRV (продажба на половни возила); програмски решенија за претпријатија, кои се занимаваат со продажба на половни возила

 

Оптимизација на работењето, како одговор на се поголемите побарувања на пазарот

Како дополнување на богатите функционалности на програмското решение cDMS ви нудиме и бројни дополнителни функционалности, кои овозможуваат оптимизација на работењето и поголемо задоволство на вашите клиенти.

  • Означување - овозможува водење на евиденција за потрошеното време по работен налог и врши споредба со нормативното време предвидено за извршување на налогот. Програмскиот модул означување ви овозможува следење на присутноста или отсутноста на вработените и најважно нивната ефикасност во сервисната работилница.
  • Планирање - овозможува едноставен и добар преглед на зафатеноста во вашата работилница, што е основа за планирањето на посетите на вашите клиенти и оптимално искористување на вашите ресурси.
  • Интеграциски интерфејси - овозможува потполна интеграција со останатите cRCL решенија (пр.: пренос во финансии cFRIS) или интеграција со деловните системи на прооизводителот (принципалот)

Сеопфатни решенија за поддршка на комплетното работење ви овозможуваат да можете најголемиот дел од вашата енергија да ја насочите кон следењето на пазарот и превземање на соодветните чекори на задоволство на вашите клиенти.

Сакате да дознаете повеќе?

Превземете ја брошурата, во која детално се опишани програмските решенија
cRCL cDMS.
За дополнителни информации контактирајте не.

Превземете