финансии, плати, кадровска евиденција

cFRIS - финансии, сметководство, плати, човекови ресурси

Потполен надзор над работењето

Без разлика на големината на вашето претпријатие, без разлика на вашата дејност, доколку имате работа со фактури, сметки, пресметки, аванси, платен промет, ДДВ и се останато што го определува финансиско сметководствениот дел на вашето работење, cFRIS претставува вистинското решение за сите предизвици со кои досега сте се сретнале.

При развојот на FRIS се потсетивме само на едно. Како да ја олесниме вашата работа и како да ви понудиме едноставно корисничко решение, кое во најголема мерка би ви ги автоматизирало постапките истовремено нудејќи ви моќна алатка за изработка на финансиски извештаи и прегледи.

Успеавме, и затоа уште денес можете да заборавите на комплицираните и крути финансиско - сметководствени решенија со кои вашите вработени ги губеа нервите, времето и вашите пари.

Модуларни темели

Програмскиот пакет cFRIS го креиравме модуларно, па така секое претпријатие може да си го пронајде решението за сопствените потреби. Со cFRIS можете да одберете помеѓу голем дел модули, кои се меѓусебно поврзани и претставуваат заокружена целина. Основните модули во рамките на финансиско-сметководствениот информациски систем се:

  • Финансиско работење; основа на cFRIS програмското решение, кое вклучува главна книга, салдаконти, ДДВ...;
  • Ликвидатура; овозможува внесување на ликвидацијата на сите примени фактури и профактури;
  • Платен промет; овозможува автоматска подготовка на вирманите за плаќање, компензации, мултикомпензацији и меници;
  • DIS; директорскиот информациски систем ви овозможува преглед во финансиската слика на вашето претпријатие;
  • Фактурирање; можност за изработка на саканите профактури и фактури било за домашниот или странскиот пазар;
  • Извоз и увоз; евиденција на извозните и увозните царински декларации;
  • Преткалкулација на работа; спремање на точниот прием на стоки во стоковото работење;
  • Пресметка на камати; ви нуди различни методи на пресметка на каматите, со или без ревалоризација по линеарни или конформни методологии;
  • Основни средства; ви овозможуваат брзо и прегледно водење на регистарот на основни средства; 

Основните финансиско - сметководствени модули се дополнети со решенијата за пресметка на плати, управување со човековите ресурси и решенија за надворешно-трговско работење.

  • Надворешна трговија; поддршка за надворешно-трговското работење, овозможува пресметка на увозот и извозот, фактурирање со профактури или надворешно фактурирање
  • Пресметка на плата; овозможува едноставно подготвување на платата со голем број на прегледи и извештаи
  • Човекови ресурси; овозможува комплетна евиденција на податоците за вашите вработени, вклучувајќи и можност за самостојно дефинирање на саканите шифранти.

Едноставна употреба и редослед на автоматизирани постапки

cFRIS го создадовме така, да овозможува максимална автоматизација на вашето работење. Најголемиот дел на податоците се пренесуваат во главната книга и во салдаконтите автоматски преку налози од останатите програми (фактурирање, малопродажба, големопродажба, платен промет, ликвидатура на примени фактури, извозното фактурирање, царинско складиште, плати, основни средства, пресметка на увоз и извоз). Книжењето на плаќањата на купувачите исто така може да се автоматизира, доколку повикувањето на број се стандардизира.

cFRIS може да се имплементира со сите останати cRCL деловни решенија и обезбедува оптимизација на работењето и интеграција на работното опкружување во најголемата можна мерка.

Сакате да дознаете повеќе?

Превземете ја брошурата, во која детално се опишани програмските решенија
cRCL cFRIS.
За дополнителни информации контактирајте не.

Превземете