Контакти
РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com
LS Hospitality
Напредни решенија за сите видови ресторани
LS Hospitality е комплетно системско решение за угостителството, кое се базира на Microsoft Dynamics NAV платформата.
Врвната прилагодливост му овозможува на LS Hospitality лесна примена во сите видови угостителски објекти, од "slow-food" сервис преку ресторани со секојдневни мениски понуди и брза храна до достава до дома. Со својата уникатна структура, на менаџерите и вработените им ги нуди потребните алатки, кои ќе помогнат во тоа клиентот да е задоволен и повторно да се врати - а со тоа обезбедува иднина на вашиот бизнис. |
![]() |
Со зголемена прилагодливост, брзина на имплементација и подобрен пристап до виталните информации LS Hospitality ви го подобрува работењето и ги намалува трошоците.
Меѓу останатото вклучва и:
- Поддршка за повеќе јазици.
- Централизирана основа за полесно одржување.
- Прилагодливо и кориснички-љубезно POS мени, кое овозможува употреба на различни комбинации на бои, менија и распоред на тастери.
- Едноставен увид во клучните информации преку POS интерфејсот, како времето на нарачки и бројот на гости.
Употребата на безжични уреди овозможува ефикасен прием на нарачките од масите и моментално проследување во кујната како и различни операции за време на припремата или печатењето на сметките.
За зголемување на надзорот над работењето LS Hospitality овозможува опсежни можности за известување и напредни статистики.