Контакти
РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com
LS Easy Retail
Функционална целина за мали претпријатија
LS Easy Retail е посебно обликувано решение за помали продавници со една или две каси или помали угостителски локации. Решението е изградено на MS Dynamics NAV платформата и е идеално за помали претпријатија кои имаат исти функционални побарувања како и големите, само во помал обем.
|
LS Easy Retail ги содржи сите потребни компоненти за работење во продавница или угостителски објект, додека истовремено овозможува богата функционалност, со поедноставни сетирања, насочени кон потребите на помалите претпријатија. |
|
LS Easy Retail е идеален за помали локации, а доколку обемот на работењето порасне, апликацијата е спремена да се развива заедно со вас. Едноставно, во одреден момент земете ја лиценцата за надградба на програмот во стандардното решение LS Retail/LS Hospitality и веќе сте подготвени, со истото решение да отворите ланец продавници или угостителски локации.
LS Easy Retail е идеален производ за претпријатија, кои бараат современи решенија со можност за брза имплементација. Едноставен е за одржување и употреба и спремен е за иднината.
Корисниците на LS Easy Retail имаат пристап до другите делови на Microsoft Dynamics NAV, како што се финансиите и сметководство, управување на односите со купувачите (CRM), магацинско работење и услуги, набавка и продажба и сл.
Овој модел на интегрирана програмска опрема, нуди бројни предности. Корисникот треба да се обучи за само еден систем, поддршката одржува само еден систем, а компликуваните и различни програми се минато.
