LS Retail

Современи програмски решенија за вашата продавница

LS Retail е апликација, која ги покрива сите клучни процеси во трговијата. LS Retail е базиран на MS Dynamics NAV платформа и двете решенија во комбинација обезбедуваат современо програмско решение како во продавниците така и во управата на претпријатието.

 

Интегрирана апликација со уникатна архитектура на водење на работењето во подрачјето на POS терминали или каси, работење на малопродажна локација и работењето во управата го поставува LS Retail на повискоко ниво во однос на останатите решенија на пазарот.

LS Retail претставува посредник помеѓу касата и програмскиот пакет Microsoft Dynamics NAV. LS Retail заедно со Microsoft Dynamics NAV претставува современо програмско решение како во продавницата така и во управата на вашето претпријатие.

  • LS Retail, е напишан како дел од пакетот Microsoft Dynamics NAV, и ги контролира сите клучни точки од продажниот процес.
  • Едноставно управувањето со производите, купувачите и персоналот.
  • Со LS Retail може да се управува со продавниците и со касите. Тоа го поедноставува како подесувањето така и управувањето, бидејќи конфигурирањето се одвива од управата.
  • LS Retail е така изграден, да со негова помош може да се управува со стотици продавници и касови единики.
  • Вграденото управување со преносот на податоците овозможува едноставно управување со текот на податоците помеѓу управата и продавниците. Изборот на важечки цени и понудени попусти како и акции, на тој начин станува едноставна операција.

Анализата на продажбата е важен дел од LS Retail. На располагање се бројни можности за анализа.

  • Можете да направите избор помеѓу најразличните анализи на продажбата, набљудувани од агол на продавницата, касата, персоналот, производите, групите производи, оддели и слично.
  • Продавницата може да се организира по оддели и полици, кои можат независно да се анализираат.
  • Продажбата може да се споредува со планираната продажба, за да се увериме во работењето на продавницата.
  • Преносот на податоците во Microsoft Excel може едноставно да се направи со еден клик на глувчето.
  • LS Retail ни овозможува анализа на нестандардните постапки, како што се неисправните продажби, враќања, продажни попусти, продажба во тренинг мод, отворање на фиоките без продажби како дел од стандардните продажни анализи.

Можноста за следење е една од основните карактеристики на LS Retail.

  • Кога продажбата е заклучена на касата, таа е вклучена како трансакција во LS Retail. Кога трансакцијата е книжена, податоците се ажурираат, така што продажбата се отсликува на контата во главната книга, залихата и салдаконтите на купувачот.
  • Со користењето на функцијата Navigate во Microsoft Dynamics NAV, можете да ја следите продажбата од приемот, до останатите делови на системот.
  • Механизмот на книжење е многу прилагодлив и ви овозможува потполна автоматизација при книжењето на трансакциите.
  • Во LS Retail се вклучени и анализите на трансакциите и нивното архивирање. Може да се анализира секоја поединечна трансакција со точност од 1 минута. После анализирањето на трансакцијата, истата може да се префрли во архивирање за подоцнежен преглед. На тој начин едноставно можеме да ги сочуваме продажните трансакции за повеќе од една година и да ги имаме на располагање за подоцнежен преглед.

Сакате да дознаете повеќе?

Превземете ја брошурата, во која детално е опишано програмското решение
LS Retail.
За дополнителни информации контактирајте не.

Превземете