Контакти

РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com

Обезбедете ниво на услуги, кое ќе ги воодушеви вашите клиенти

Од сопствените искуства, знаеме дека исполнувањето на највисоките нивоа и стандарди на услугите се клучни фактори за задоволството на клиентите и корисниците на услугите. Познавањето на навиките на вашите клиенти и надминувањето на нивните очекувања, се темелите на кои се гради лојалност и долгогодишна соработка. Со деловните решенија cRCL ви овозможуваме да бидете чекор пред конкуренцијата, секогаш и секаде „вооружени“ со информации кои ви овозможуваат брзо прилагодување, правилни одлуки и зголемено задоволство на вашите клиенти.

Во рамките на деловните апликации ви нудиме два сегмента на комплетни деловни решенија - за фирми кои се занимаваат со сервис и продажба на возила, како и за фирми кои се занимаваат со продажба на инженерски услуги.

Сервис и продажба на возила (cDMS)

Програмските решенија Сервис и продажба на возила (cDMS) претставуваат избор на самостојни и интегрирани деловни решенија, кои се наменети како за самостојните трговци со автомобили, така и за трговците во рамките на поголемите трговски мрежи, каде што често е потребна непосредна интеграција со производителот. Програмското решение Сервис и продажба на возила (cDMS) нуди поддршка во работните процеси при:

  • Продажба на нови и половни возила
  • Големопродажба на нови возила 
  • Водење на сервисни работилници (вклучувајќи и планирање на сервисирањето и мерење на ефикасноста на вработените во сервисот)
  • Големопродажба и малопродажба на резервни делови 
  • Интеграција со производител (принципали)

Сакате да дознаете повеќе? Погледнете ја деталната презентација на програмското решение cDMS.

Инженерски услуги (cING)

Програмското решение Инженерски услуги (cING) е наменето за претпријатија, кои покрај продажбата на стоки обавуваат и дополнителни услуги. Најтипични корисници на решението cING се претпријатијата кое се занимаваат со инженеринг на топлотни, водоводни и електро инсталации како и сите останати претпријатија кои се занимаваат со градежен инженеринг. Сакате да дознаете повеќе? Погледајте ја деталната презентација на програмското решение cING.