Контакти

РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com

Дали имате целосен увид во работењето на вашето претпријатие....во овој момент?

Денешното деловно опкружување бара брз одговор на промените и опасностите како и прилагодување на новите околности. Затоа во вашето претпријатие е потребно - во секој момент - да обезбедите можност за пристап до вистинската информација за донесувањето на најдобрите деловни одлуки.

Работењето на вашето претпријатие може да биде онолку ефикасно колку што се ефикасни процесите, методологиите и технолошката платформа која што ја користите за контрола, анализа и планирање на работењето. Турбулентното деловно опкружување бара скок од анализа во метрика и клучните индикатори на ефикасноста (KPI), пренасочување од минатото во сегашноста и иднината како и скок од стандардните анализи во решенија за помош при управувањето со работењето.

Светот на дланка

Современите решенија за деловното информирање ви обезбедуваат поефикасно поврзување на личностите со информациите и како резултат на тоа полесни, побрзи и поадекватни деловни одлуки. Моменталниот увид во клучните индикатори на ефикасноста и споредување на истите со претходно поставените цели на претпријатието ви овозможуваат да реагирате и превземете мерки денес наместо на крајот на месецот или годината. Со информациите, кои можете да ги дадете на увид на останатите вработени би постигнале поддршка во следењето на поставените стратешки цели. Решенијата за деловно информирање на тој начин ви пружаат се што ви треба за ефикасно работење и донесување на вистинските деловни одлуки.

Решенијата на RCL се засновани на Microsoft-овите алатки, што за вашето претпријатие и корисниците претставува дополнителна предност. Со познатите, достапните и широкоподржани алатки (Microsoft Office, Microsoft Sharepoint Server) значително се намалуваат трошоците за едукација и се скратува времето за учење. Во рамките на услугите и решенијата ви нудиме:

  • Алатки и решенија за поставување на платформата на деловното информирање (бази на податоци и изградба на податочни складишта, трансформација и консолидација на податоците)
  • Алатки и решенија за крајните корисници (информирање, известување, автоматизирана дистрибуција на извештаи и информации)
  • Апликации за управување со ефикасноста на работењето (планирање, надзор, буџетирање)
  • Стручњаци, кои ќе ви бидат подршка при реализацијата на вашите стратешки цели.

Сакате да дознаете повеќе? Проверете како можат услугите на деловното информирање да му помогнат на вашиот бизнис.