Контакти

РЦЛ Сист д.о.о.
Христо Смирненски 54/2-7
1000 Скопје - Македонија
T: 02 32 31 161
E: info@rcl-group.com

Деловни решенија за сите видови трговски претпријатија, производи и купувачи

Независно од тоа дали продавате - прехрамбени продукти, технички стоки, мебел, текстилни производи, медицински помагала... - независно од тоа како сте организирани – централизирано, децентрализирано, кака франшиза… - независно од моделот на продажба кој го користите – малопродажно работење, големопродажно работење, cash&carry, угостителско работење, патничка или амбулантна продажба… и независно од тоа дали сакате вашите производи да ги продавате во продавница или преку интернет - имате единствена цел – да му го овозможите најдоброто искуство на вашиот купувач.

Нашите решенија ги следат и учествуваат во креирањето на светските трендови на модерна продавница во подрачјето на деловно-информациски решенија. Свесни сме, дека вашите потреби и очекувања од трговските деловно-информациски решенија ги надминуваат потребите за основна поддршка на работењето, па затоа покрај тоа ви нудиме и решенија кои овозможуваат:

  • Напредно следење и контрола над работењето (ги претвараме податоците во корисни информации, како подлога за вашите деловни одлуки).
  • Прилагодливост и ширење на деловно-информацискиот систем во склад со вашите потреби, големина, област на работење и целите кои ги следите.
  • Поголема поддршка при одлучувањето (ефикасно управување со стоковото работење, брз пристап до потребните податоци, филтрирање и извоз на податоците за понатамошна анализа).
  • Транспарентно следење на работењето и трансакциите (од касата во малопродажната единица, до финансискиот систем или решението за деловно информирање).

Одберете го вистинското решение

 

cRCL - cBBIS celovita rešitev za trgovinska podjetja

cRCL - cBBIS; Програмско решение за целосна поддршка на комплексно трговско работење (големопродажба, малопродажба...). Богатиот избор на функционалности и пријатниот кориснички интерфејс, ќе ви овозможат во вашата продавница да им се посветите на вашите клиенти наместо на програмската опрема. >>

Microsoft Dynamics NAV

MS Dynamics NAV; Повеќенаменско деловно информациско решение, кое во секојдневното работење го користат повеќе од 35.000 помали и средни компании во повеќе од 50 држави. >>
 
LS Retail

LS Retail; Поддршка за малопродажбата базирана на MS Dynamics NAV. LS Retail е деловно решение, кое ги покрива сите клучни процеси во малопродажните продавници. >>
 

LS Hospitality

LS Hospitality; Комплетно решение за водење на сите видови угостителско работење - од самостојни локали до мрежа на различни угостителски објекти. LS Hospitality е базиран на платформата на Microsoft Dynamics NAV. >>

LS Easy Retail

LS Easy Retail; е посебно прилагодено решение за помали продавници со една до две каси или за помали угостителски објекти. >>